
Како вашето дете игра, учи, зборува, делува и прави движења индицира за развојот на вашето дете. Развојните пресвртници се работи кои повеќето деца можат да ги направат во одредена возраст.
Проверете ги пресвртниците кои ги достигнало вашето дете до крајот на 6-от месец.
Што прават повеќето бебиња на оваа возраст:
Социјално и емоционално
- Ги познава познатите лица и знае дали некој е странец или не
- Сака да си игра со другите, особено со родителите
- Одговора на емоциите на другите луѓе и често е весело
- Сака да се гледа во огледало
Јазик / комуникација
- Одговора на звуците со правење звуци
- Ги спојува самогласките кога гуга (“ах”, “ех”, “о”) и сака да се сврти кон родителот додека прави звуци
- Реагира на своето име
- Прави звуци да покаже радост и незадоволство
- Почнува да прави звуци со согласки (брборења со “м”, “б”)
Когнитивни (учење, размислување, справување со работи)
- Ги гледа работите во близина
- Става работи во устата
- Покажува љубопитност во врска со нештата и се обидува да ги дофати работите кои се надвор од дофат
- Почнува да ги мести работите од едната во другата рака
Движење / физички развој
- Се превртува во двете насоки (напред кон назад, назад кон напред)
- Почнува да седи без поддршка
- Кога стои, ја поддржува тежината на нозете и може да потскокне
- Се врти напред и назад, понекогаш ползи назад пред да се движи напред
Реагирајте навреме и консултирајте се со лекарот на вашето дете доколку вашето дете:
- Не се обидува да дофати работи кои му се на дофат
- Не покажува љубов кон родителите
- Не реагира на звуците околу него
- Има тешкотии да ги стави работите во уста
- Не прави звучни самогласки (“ах”, “ех”, “о”)
- Не се превртува во било која насока
- Не се смее или не прави звуци
- Изгледа вкочането, мускулите му се тврди
- Изгледа нестабилно, како кукла изработена од материјал
Се препорачува децата да бидат ставени на скрининг за општ развој со употреба на стандардизирани, валидирани алатки на 9, 18 и 24 или 30 месеци, а за аутизам 18 и 24 месеци или кога родителот или старателот е загрижен. Консултирајте го докторот на вашето дете за развоен скрининг на вашето дете.































