Мајчиното млеко нема постојан состав. Како што се менува во текот на денот, во текот на подојот, според возраста не бебето, доколку бебето е болно, тоа го менува составот и во текот на сезоната!!!

Студија од 2024 година објавена во eBioMedicine покажа дека видовите и количеството на олигосахариди од мајчиното млеко се менуваат во зависност од годишното време (Matharu et al., 2024). ХМО( human milk oligosaccharides) се сложени шеќери во мајчиното млеко кои не го хранат директно бебето. Наместо тоа, тие ги хранат корисни цревни бактерии и играат клучна улога во обликувањето на имунолошкиот развој.

Истражувачите забележале дека за време на постудените месеци, кога респираторните и гастроинтестиналните инфекции се поприсутни, специфичните “HMOs” биле присутни во различни концентрации и модели. Овие сезонски промени во составот на млекото се поврзани со мерливи разлики во цревната микробиота на доенчето… што значи дека бактериите кои живеат во цревата на бебето се поместуваат заедно со млекото што го примиле.

Зошто ни е важно ова?

ХМО *промовираат* раст на заштитни бактерии додека помагаат да се блокираат патогените и да се прикачат на цревната обвивка. Сезонските прилагодувања на ХМО може да им помогнат на доенчињата подобро да се прилагодат на сезонската инфекција, особено во зима кога ризикот од заболување е поголем.

Со едноставни зборови: вашето мајчино млеко е свесно за сезоната. Се прилагодува за да помогне во заштитата на вашето бебе кога циркулираат “зимски бубачки” и го поддржува здравјето на цревата и имунитетот на начини на кои НЕ МОЖЕ да се реплицираат со формула.

Затоа оваа “уникатна течност” е најголемото богатство за вашето малечко.

Можеби ќе ви се допадне:   Јасна Апостолски - Николов во Мое Здравје на МРТ1

Автор: Јасна Апостолски Николов дипл.мед.сестра, IBCLC-Меѓународен сертифициран консултант за доење, сертифициран едукатор за психофизичка подготовка на трудници.

Извор: https://www.thelancet.com/journals/ebiom/article/PIIS2352-3964(24)00217-2/fulltext