Преполната града може да го направи доењето стресно и непријатно за вас и вашето бебе.

Што треба да направите

  • Доење на едната страна при секое хранење. Продолжете да ја нудите истата града најмалку два часа до следното целосно испразнување, постепено зголемувајте ја должината на времето за хранење.
  • Ако другата града ја чувствувате неподносливо полна пред да бидете подготвени за доење, измолзете се за да се ослободите од притисокот. Исто така, можете да користите ладни облоги или пешкир за да се намали болката и отокот.
  • Нахранете го вашето бебе пред да стане премногу гладно за да спречите агресивно цицање.Следете ги раните знаци на глад кои покажуваат дека ваето бебе е гладно.
  • Погрижете се вашето бебе да подждригне, така што ќе има повеќе простор за млеко во стомакот на бебето.

Силен рефлекс на исфрлање на млеко

Некои жени имаат силен рефлекс на исфрлање млеко. Ова може да се случи заради преголемото снабдување со млеко.

Што треба да направите

  • Држете ја брадавицата помеѓу првите и средните прсти или со страната на раката. Нежно притисните на млечните канали за да се намали силата на исфрлање на млекото.
  • Ако вашето бебе кашла или се гуши при доење, отпуштете го и оставете екстра млекото да истече во пешкир.
  • Дозволете вашето бебе да се припои и да се отпушти од градите секогаш кога сака.
  • Пробајте позиции кои ја намалуваат силата на гравитацијата, што може да предизвика млекото повеќе да тече. Овие положби ги вклучуваат фудбалска и положбата на страна. (Погледнете го делот за доење за илустрации на овие позиции.)
Можеби ќе ви се допадне:   Препорака на СЗО за доење и вакцинација со вакцина против COVID-19