
Американската Академија за доење има изготвено протокол за контрацептивни методи кои се препорачуваат кај мајки кои дојат. Заштитата од повторна бременост во раниот постпартален период е често прашање кое мајките го поставуваат на првиот гинеколошки преглед после породувањето. Ние ќе ви дадеме неколку совети според протоколот за избор на контрацептивен метод според Американската Академија за доење.
1.“LAM”- Lactational amenhorrea method – метод на контрацепција кој се базира на изостанок на менструален циклус кај мајки кои дојат. За примена на овој метод важни се три елементи кои мора да бидат исполнети за да заштитата од бременост биде во поголем процент.
–аменореа– доколку менструалниот циклус не е воспоставен
– бебето да е на ексклузивно доење и доколку цица 8-12 пати во текот на 24 часа, и нема растојание повеќе од 6 часа (вклучувајќи и преку ноќ) од еден до друг подој. Дополнителната исхрана не треба да започне пред 6 месечна возраст.
– бебето да е помало од 6 месеци.
Овој метод на заштита од бременост е со 98% заштита само доколку се исполнети горенаведените услови.
- Контрацептивни таблети кои содржат “само Прогестин” – овие таблети не сметаат на доењето и можат да се употребуваат кај мајка која дои доколку се почне со употреба после 6-8 недела после породувањето и доколку се земаат во препорачани минимални дози. Но, постојат некои истражувања кај мајки кај кои е забележано дека употребата на овие таблети дури и во минимални дози може да предизвика намалување на лактацијата. Затоа се препорачува да се употребуваат само доколку е неопходно и доколку другите методи на контрацепција не се метод на избор.
3.Трансдермални лепенки за кожата кои содржат естроген и прогестин треба да се избегнуваат во период на доење.
4.Употребата на интраутерини влошки (спирала) треба да се избегнува додека да се воспостави лактацијата. За понатамошна апликација на истите доколку доите секогаш треба да се консултирате со лекар.
5. Таблети кои содржат естроген и прогестерон треба да се избегнуваат во период на доење.