Од 6 до 12 месеци, мајчиното млеко се уште е главен извор на исхрана за вашето дете, но цврстата храна постепено ќе завземе поголем дел од неговата исхрана. Како што почнувате да му давате храна на вашето дете, може да ви биде тешко да знаете колку да му дадете да јаде. Желудникот на детето е мал и не може да прими многу храна. Еве што треба да се има на ум:

Започнете со малку. Дајте 1 или 2 супени лажици храна, и гледајте ги знаците како го прифаќа новиот вкус во исхраната.Додадете уште една или две лажици и тоа ке биде доволно за почетокот на воведувањето на дополнителна исхрана се до навикнувањето на секој нов вкус.

Баланс. Дополнителната исхрана  се воведува со текот на времето и постепено ќе станува дел од неговата исхрана.

Хранење. Дајте му на детето нешто да јаде или да пие на секои 2 до 3 часа, или околу 5 или 6 пати на ден. Со овој редослед вашето дете ќе јаде околу 3 оброци и 2 до 3 закуски секој ден.

Како што вашето дете расте, може да јаде различни количества храна секој ден. Ова е нормално. На околу 12 месеци, вашето дете расте побавно отколку кога е помало. Вашето дете може дури и да помине неколку дена без да јаде многу. Во текот на една недела вашето дете треба да ги добие сите хранливи материи кои му се потребни.

Доколку сте загрижени за тоа колку или колку често вашето дете јаде, консултирајте се со докторот или медицинската сестра на вашето дете.

Дали сте знаеле дека?

Вашето дете треба да се храни рутински.

Можеби ќе ви се допадне:   Затоа што за моето бебе го бирам само најдоброто!

Редовните оброци и дремки можат на вашето дете да му направат рутина. Избегнувајте да му давате на вашето дете постојано да јаде или да пие во текот на денот.