
Подолу се наведени некои вообичаени проблеми при доење и како да се справите со нив.
- Болни брадавици. Многу мајки велат дека нивните гради се чуствителни кога првпат почнуваат да дојат. Ова се случува, кога мајката и бебето не пронајдат удобна положба или додека не научат како бебето правилно да цица од градата. Ако доењето боли, вашето бебе ја цица само брадавицата, а не и ареолата (потемната кожа околу брадавицата). За да го тргнете, немјојте да го влечете. Наместо тоа, нежно ставете го прстот на аголот од неговата уста, помеѓу непцето и градата и обидете се повторно. За да дознаете дали вашето бебе ја цица само брадавицата, проверете како изгледа вашата брадавица кога излегува од устата на вашето бебе. Вашата брадавица не треба да изгледа рамно или компресирано. Треба да е во форма на круг и долга или со иста форма како што била и пред хранењето.
- Добијте одговори на вообичаените прашања за доењето и болката. Вие или вашето бебе се чувствувате фрустрирано. Направете кратка пауза и држете го вашето бебе во исправена положба. Обидете се да го држите бебето помеѓу градите т.е контактот кожа на кожа. Зборувајте или пејте му на вашето бебе, или за утеха дозволете му да цица еден од прстите. Обидете повторно за кратко.
- Вашето бебе слабо цица или прави мали движења. Вашето бебе не се прицврстило добро за градата за да го цица млекото. Нежно прекинете со ставање чист прст во аголот на устата на вашето бебе. Потоа обидете се да го стиумлирате вашето бебе повторно да цица. Разговарајте со советник за доење или педијатар ако не сте сигурни дали вашето бебе прима доволно млеко. Но, не грижете се. Слабото цицање ретко се јавува поради здравствен проблем.
- Вашето бебе може да има т.н врзан јазик. Бебињата со тесен или краток јазичен френулум (парче ткиво кое го прицврстува јазикот на долниот дел од устата) се опишува како “врзан јазик”. Медицинскиот термин е анкилоглозија (An-ke-low-GLAH-SIA). На овие бебиња често им е тешко да цицаат. Тие не можат да го одделат својот јазик од долната уста или правилно да ја опфатат градата за време на доењето. Ова може да предизвика бавно зголемување на телесната тежина кај бебето и болни брадавици кај мајката. Ако мислите дека вашето бебе има врзан јазик, консултирајте се со вашиот лекар.