Единечната електрична пумпа за измолзување Philips Avent го одржува протокот на млеко на оптимално ниво и нежно се прилагодува на големината и формата на вашите гради  за поудобно искуство.

Доаѓа и опремена со најнов USB-C формат за брзо полнење.

Philips Avent електричната пумпа за измолзување ви овозможува персонализирано искуство. Има 4 стимулации + 4 нивоа на измолзување за персонализирано искуство, и е со интуитивно поставување.

Електрична пумпа за измолзување Philips Avent има минимален број на делови и е мала и компактна, за нежно и удобно измолзување. Со мека и прилагодлива силиконска перница, нежно се витка и се прилагодува за да одговара на вашата брадавица.

Лесно се чисти и се поставува. Нејзиниот затворен систем за измолзување значи млекотоостанува надвор од цевката за да има помалку за чистење. Помалку делови, исто така, го прават процесот за склопување назад многу едноставен.

Знаете што сакате? Пумпата за гради автоматски се сеќава на вашите последни поставки, така што сè што треба да направите е да седнете и да притиснете старт.

Пријатно измолзување!

Можеби ќе ви се допадне:   1ви Март - Меѓународен ден на IBCLC консултантите за доење