
Кога доите, му давате на вашето бебе здрав почеток кој трае цел живот. Мајчиното млеко е совршена храна за вашето бебе. Доењето спасува животи, пари и време. Иствремено придобивките од доењето се бенефит и за бебето и за мајката. Едукацијата на мајките за сите придобивки од доењето има позитивен ефект во одлуката за доење. Иако кампањите за поддршка на доењето се распространети насекаде во светот,поддршката и охрабрување на мајките за доење е секогаш добредојдена.
Кои здравствени придобивки му ги дава доењето на моето бебе?
Клетките, хормоните и антителата во мајчиното млеко помагаат да се заштитат бебињата од болест. Оваа заштита е уникатна и се менува секој ден за да ги задоволи растечките потреби на вашето бебе.
Истражувањата покажуваат дека доените бебиња имаат пониски ризици од:
- Астма
- Леукемија (за време на детството)
- Дебелина (за време на детството)
- Инфекции на уво
- Егзема (атопичен дерматитис)
- Дијареа и повраќање
- Инфекција на долен респираторен систем
- Некротизирачки ентероколитис ,болест која влијае на гастроинтестиналниот тракт кај недоносените бебиња или бебиња родени пред 37та недела од бременоста
- Синдром на ненадејна смрт кај новороденчиња (СИДС)
- Дијабетес тип 2
Што е колострум и како му помага на моето бебе?
Вашето млеко му помага на вашето бебе да стане здраво и силно од првиот ден.
Вашето прво млеко е течно злато. Наречено е течно злато заради темната жолта боја, колострумот е густото прво млеко што се лачи за време на бременоста и веднаш по породувањето. Ова млеко е многу богато со хранливи материи и вклучува антитела за заштита на вашето бебе од инфекции.
Колострумот исто така го подобрува дигестивниот систем на вашето новороденче да расте и да функционира. Вашето бебе добива само мала количина на колострум при секое хранење, бидејќи желудникот на новороденчето е мал и може да задржи само мала количина.
Како вашето бебе расте вашето млеко се менува. Колострумот се менува во зрело млеко од третиот до петтиот ден од раѓањето. Ова зрело млеко ја има сооодветната количина на маснотии, шеќер, вода и протеини за да му помогне на вашето бебе да продолжи да расте. Тоа изгледа поретко од колострумот, но има хранливи материи и антитела кои на вашето бебе му требаат за здрав раст.
Кои се здравствените придобивки за мајките од доењето?
Доењето помага при здравјето на мајката и заздравувањето по породување. Доењето доведува до помал ризик од овие здравствени проблеми кај мајките:
- Дијабетес тип 2
- Одредени видови на рак на дојка
- Рак на јајници































