Втора бременост, пресреќна, но преплашена. Со првата лошо искуство со породување и неуспешно доење. Дали ќе се повтори истото? Пред да се породам собирав информации како да го пребродам тој проблем кој ми создаваше таков страв и солзи во очите при сама помисла на првата бременост.

Хиперлакатција и вовлечени брадавици. Огромна пречка при доење. Никој од стручните лица во родилиштето со конкретен пристап за помош. Залудни силиконски брадавици, извлекување со шприц, упорност, упорност. Повторно!

Бебето гладно, нервозно, јас пак низ истиот пекол. Какво чувство е да имаш премногу млеко, а да  не можеш да го доиш бебето. Многумина мислеа дека е „ништо страшно“ имаш млеко одмолзувај се. Но, не оди баш тоа така. Ниту една пумпа не извлекува млеко како бебето, градите остануваат полни, болни, отечени. Само стимул плус за уште повеќе млеко, кое во овој случај не е добредојдено. Јас не можев да дишам, буквално, кога ќе ми се наполнеа градите, а тоа беше скоро на секој час и половина.

Контактот со мојот матичен консултант за доење беше спонтан на прва педијатриска контрола. Дотогаш и не знаев дека постои таква титула и дека токму Јасна ја поседува. Какво олеснување. Надеж! Можеби ќе успее. Иако бев скептик дека нешто ќе се смени, не можев и не сакав да се откажам. Прв пат некој да не ме откачи со зборовите: „Упорност мајка, доењето е незаменливо.“ Знам дека е, ама длабоко во себе имав таква одбивност кон доењето заради предходниот неуспех и туѓото не разбирање. Јасна имаше пристап: „Ќе успееме и ќе доиш.“

Можеби ќе ви се допадне:   Закрепнување по раѓање со царски рез

Конкретен план, мерки и терапија. Не можете да го најдете тоа на интернет, верувајте се обидов. Точна временска рамка и што ќе се постигне за истата. Прв професионалец кој не тргна од местење на доенчето присилно кон градите, туку почна од решавање на проблемот со градите.

Ниту едно бебе нема да фати ваква града, не е проблемот во него. Да не му правиме одбивност“, ми рече.

Шест неделен третман и неизмерна среќа. Намалување на производството на млеко, цицање од соодветно шише, па силиконски брадавици (на мое не верување) и на крај бебето цица нормално без помагала. Секако не заврши се тука, консултациите и упатствата продолжија до неполн 4ти месец, затоа што постојано имав промени во лактација и однесувањето на бебето кон неа.

Професионалноста и поддршката се клуч кон нашиов успех и несомнено е личноста која на мојот втор син му даде идеален почеток, а мене задоволство да ги почуствувам благодетите на чинот на доење. И точно е дека доењето не е само храна туку блискост и утеха, посебна врска која од фобија прерасна во задоволство.

Ти благодарам Јасна, те сакаме сите четворица. Јас и бебе затоа што си ни херој, а другите двајца затоа што имаат задоволна мајка и сопруга дома. Тоа се одразува и на нив.

Мелиха Умер

Кликнете тука за да дознаете повеќе за Јасна Апостолски – Николов, првиот меѓународен консултант за доење во Македонија.

Кликнете тука за да прочитате повеќе за Семинарот за трудници кој ќе се одржи во Октомври 2019.