Медицинска нега на новороденче

Веднаш по раѓањето, на бебињата им се потребни многу анализи и процедури кои се од голема важност за здравјето на вашето бебе. Некои од нив дури се и законска обврска. Но, додека бебето е здраво, сè освен Апгар тестот може да почека најмалку еден час. Одложувањето на понатамошна медицинска нега ќе ги зачува драгоцените први моменти од животот за вас, за вашиот партнер и за бебето. Бебето кое не е боцкано и раздразнето, можете да го доите и да се зближите. Значи, пред породувањето, разговарајте со вашиот лекар или бабица за одложување на инјектирањето, лековите и тестовите. Во исто време, немојте да претпоставувате дека “сè е под контрола”. Како родител, вашата работа е да се уверите  дека вашето новороденче навремено ги добива сите неопходни и соодветни вакцини и тестови.

Следните тестови и процедури се препорачуваат или се бараат во повеќето болници во САД:

Апгар тестот се спорведува со цел да се увиди потребата од итно реагирање во случај кога состојбата на новороденчето тоа го бара. Тестовите на Апгар најчесто се прават двапати во првата и петтата минута по породувањето. Лекарите и медицинските сестри прават проценки на 5 важни витални параметри. Тие се:

  • Боја на кожа,
  • Дишење,
  • Срцева акција,
  • Тонус на мускулатурата и
  • Рефлексен одговор при дразба (аспирација на дишните патишта по самото раѓање).

Резултатите на Апгар се движат од нула до 10. Бебето кое постигнува седум или повеќе се смета за многу витално. Но, понискиот резултат не секогаш значи дека нешто не е во ред. Совршено здрави бебиња често имаат ниски Апгар резултати во првата минута од животот.

Можеби ќе ви се допадне:   Доењето и секојдневниот живот

Во повеќе од 98 проценти од случаите, резултатот на Апгар достигнува седум по пет минути од животот. Кога тоа не е случај, на бебето му  е потребна медицинска грижа и внимателно следење.

Нега на очи

Вашето бебе може да прима капки за очи или маст за да се спречи инфекција на очите која можат да ја добијат за време на породувањето. Сексуално преносливите инфекции (СПИ), вклучувајќи гонореа и хламидија, се главна причина за инфекции на новороденчиња. Овие инфекции може да предизвикаат слепило доколку не се третираат.

Употребените лекови може да го печат и / или да му го заматат видот на бебето. Па можеби ќе сакате да го одложите овој третман за подоцна.

Некои родители се прашуваат дали овој третман е навистина неопходен. Многу жени со низок ризик за сексуално преносливи инфекции не сакаат нивните новороденчиња да добијат лекови за очите. Но, нема докази кои укажуваат на тоа дека овие лекови му штетат на бебето.

Важно е да се напомене дека дури и трудниците чии резулатати од тестови за СПИ се негативни можат да добијат инфекција до времето на породување. Исто така, повеќето жени со гонореја и / или кламидија не го знаат тоа бидејќи немаат симптоми.