Baby eating mother's milk. Mother breastfeeding baby. Beautiful mom breast feeding her newborn child. Young woman nursing and feeding baby. Concept of lactation infant.

УСПЕШНИ ДОЕНЕЧКИ ПРИКАЗНИ

Често велиме не секогаш теоријата и праксата се совпаѓаат. Многу често и со доилките го зборуваме овој момент едукациите се составен дел од секојдневието, од новите моменти во нашиот живот, убаво е да се запознаеш со основните работи за почеток на успешно доење и лактација но, сепак понекогаш е потребна и помош во практичниот дел. Многу мајки ги применуваат сите совети но, сепак нешто недостасува или како што би рекле тие “нешто грешам”. Не би сакала да ја фаворизирам професијата консултант за доење но, сепак праксата и искуството покажаа дека еден од клучните моменти е токму правилна едукација, откривање на проблемот и најважниот дел поддршката во однос на доењето од страна на матичниот педијатар на детето.

Во оваа серија на успешни доенечки приказни ќе издвојам неколку кои мене засекогаш ќе ми останат во сеќавање , а вам се надевам дека ќе ви бидат мотив доколку наидувате на одредени препреки во доенечкиот стаж, ќе ве охрабрат да ги надминете.

Дел од мајките кои имале потреба од консултант за доење и помош во воспоставување на доење и развој на лактација биле трудници кои ги посетувале и часовите за психофизичка подготовка за раѓање. Иако имале основни насоки во воспоставување на доење и лактација сепак некои од нив имаа потреба и од дополнителна поддршка.

Ќе започнам со еден пример која датира од почетоците на мојата работа како консултант за лактација, мајка која безрезервно ми веруваше. Мама Теа, се надевам ќе се препознае во текстот но, верувајте мама Теа и Ена ќе останат засекогаш дел од моите едукации како пример за една од најуспешните доенечки приказни.

Можеби ќе ви се допадне:   "Roses Revolution Day 2021"

Ена е бебе од прва бременост и е родена со ТТ-3400 гр. На првата контрола кај матичен педијатар на возраст од еден месец бебето е измерено со ТТ-3100. Како што можете да забележите тоа е 300 грама под родилната тежина. Но, останати параметри кои се потребни за раст и развој и следење дали исхраната со мајчино млеко ги задоволува базалните потреби кај новороденото беа во ред. Заедно со мама Теа корегиравме неколку работи поврзани со доењето и лактацијата и согласно препораките од страна на педијатарот мама Теа доби совет  да продолжи со доење на Ена без додавање на формула. Иако, можеби звучи чудно но, Ена беше толку витално и среќно бебе што воопшто не покажуваше знаци на глад и едноставно немаше зошто да размислуваме за додавање на дохрана. На сето ова измерениот подој исто така ни  потврди дека треба време Ена да почне да напредува во тежина и треба простор за да видиме дали навистина ќе треба дохрана.

Во текот на наредниот месец мама теа и Ена доаѓаа почесто на мерење и следење, најмалку еднаш неделно. На возраст од два месеца Ена беше со телесна тежина од 3520 гр. Тоа е само  120 грама повеќе од родилната тежина. Но, повторно останаа со советот од матичниот педијатар да продолжат со доење.

Лактацијата е физиолошки процес на кој му треба време да се развие. Кај мама Теа лактацијата беше воспоставена но, Ена едноставно слабо напредуваше во тежина. Ена спаѓаше во групата на бебиња кои поспоро напредуваат во тежина (slow or poor infant weight gain).

Можеби ќе ви се допадне:   Породувањето како фактор за успешно доење

На возраст од три месеци Ена беше со ТТ-4110 грама, а на возраст од 3,5 месеци со ТТ-4330 грама. На 4 месечна возраст по совет од педијатар Ена започнува со комплементарна исхрана.

На 6 месечна возраст Ена е со ТТ-6070 гр. Сеуште на исхрана со мајчино млеко и  комплемнтарна исхрана.

На возраст од една година телесната тежина на Ена достигна до 9000 гр. Мама Теа во текот на годината ниту еднаш нема додадено дохрана со формула. Доследна на доењето и мајчиното млеко не ги употребуваше ниту готовите кашички кои содржат формула. Доењето на мама Теа и Ена заврши пред некој ден на возраст од 2.5 години. Сеуште се борат со емотивниот момент но, јас сум горда на нив две посебно на мама Теа! Ќе бидат пример во мојата работа и моето искуство пример кој сакам да го споделам, можеби ќе послужи како доволен мотив за новите мајки.

Ако можете да забележите во целата приказна покрај поддршката што мајката ја има од консултант за лактација,особено важен момент е и поддршката од матичниот педијатар на Ена.

Како тим се трудевме да искористиме се што е во наш домен, мама и Ена да уживаат во доењето.

И успеавме!

Пишува: Јасна Апостолски Николов-дипл.мед.сестра,IBCLC (меѓународен сертифициран консултант за доење), сертифициран едукатор за психофизичка подготовка на трудници