Вазоспазам претставува зголемено собирање (контракција) на крвните садови состојба при која како резултат се јавува нарушен проток на крв низ крвните садови. Оние кои боледуваат од “Raynaud’s Phenomenon” (често пати поврзано со автоимуните болести као што е ревматиоидниот артритис) може да имаат манифестација на вазоспазам како побелување на прстите кога излегуваат од топол дом надвор на пониски температури.

Вазоспазам на брадавиците може да се појави за време на бременоста и неретко при доење, а се манифестира како побелување на брадавицата после доење и појава на остра болка. Оваа болка често се именува и како млечна констрикција.

Симптоми на вазоспазам при доење:

-Жежење, прободување, пулсирање или болка како убоди со иглички во брадавицата или во градите после доењето. Болката може да се појави и кога излегувате од топол туш во ладна просторија. За време на доењето може, а и немора да се појави болка. Брадавиците може да ја променат бојата црвена, бела, виолетова. Бојата на брадавиците може да се менува во текот на неколку минути од бела кон розева, црвена, па назад до бела. Промената на бојата може да трае и 1-2 часа.

Вазоспазмот често пати се дијагностицира како инфекција со Кандида заради слична симптоматологија. Најпрво е потребен преглед и евалуација на состојбата пред да се премине на третманот или лекувањето.  Доколку чувствувате ваква болка или забележите некои од овие промени консултирајте се со консултант за лактација или побарајте помош од друго стручно лице.

Јасна Апостолски – Николов

Можеби ќе ви се допадне:   Доење кај деца со расцеп на усна или меко непце