Нормално е секое новородено бебе да поминува поголем ден од времето во спиење. Секоја мајка на новородено бебе се советува да има динамика на подои 8-12 пати во текот на 24 часа. Но, таа почнува да се загрижува доколку новороденчето поголем дел од времето спие, а доколку сака да го разбуди за да ја задржи динамиката на подоите често тоа е неуспешно. Потоа следува загриженост и безброј прашања кои и поминуваат во главата “дали ќе успее да го надои своето бебе 8-12 пати”, ”дали доколку го дои помалку од потребното тоа ќе биде доволно за нејзиното бебе” и сл. Неколку насоки како да се справите со поспано бебе.

Проверете дали вашето бебе е премногу облечено, затоплено.

Топлината им дава благопријатна состојба и ги успива. Обидете се да го расоблечете, да му ја промените пелената. Облекувајте го полесно и со потенки алишта.

Држете го бебето во биолошка положба.

Со неговото стомаче на вашиот стомак колку можете повеќе или контакт кожа на кожа или облечено во потенки алишта. Со ова ќе ги активирате вродените навики кај бебето за доење.

“Cluster feedings” – споите ги подоите.

Користете ја можноста да го доите подолго време кога вашето бебе е будно.

Доите го бебето додека е полузаспано или нерасонето.

Не чекајте да се разбуди и расони, наместете го да дои кога почнува да се буди кога забележувате движења на очите под очните капаци, кога мрда со устата или рацете, тоа се знаците дека бебето е во лесен сон.

Истражувањето на акушерката Сузан Колсон од Велика Британија открива дека новороденчињата, дури и касно предвремено родените новороденчиња (late preterm newborns) можат да дојат ефективно кога се во лесен сон. Некои бебиња дојат многу поефикасно и поактивно кога се наоѓаат во оваа фаза.

Можеби ќе ви се допадне:   “КОВИД-19”- Вакцинација кај доилки

Доколку бебето заспива веднаш штом ќе го ставите на града…

Најчеста причина за тоа е плитка поставеност на бебето на града. Проверете ја поставеноста на бебето, тригерот за активно цицање е што подлабоко поставување на градата во устата на бебето. Најчесто со корегирање на поставеноста поспаното бебе станува активно бебе кое цица. Можете да применувате и компресии на дојката, длабока поставеност со копресии на дојката овозможува поголем млаз на млеко кој стимулира подолготрајно и активно цицање кај бебето.

Диманиката на подоите ја одредува бебето но, вие мајките можете да корегирате одредени работи кои можат да стимулираат активно цицање кај поспано бебе.

Загриженоста од ваша страна кога станува збор за непредокот е нормална, затоа посетувајте педијатар почесто во првите денови. Напредокот во тежина, бројот на мокри пелени и следењето на столицата на бебето се основните параметри кои ни го прикажуваат внесот на мајчиното млеко.

Новороденчињата спијат често. Подолгите периоди на спиење од 4-5 часа не се момент за загриженост се додека новороденото дои најмалку 8 пати во 24 часа. Треба да знаете дека новородените бебиња немаат временски распоред за подоите и не треба да се грижите и да се обидувате да направите некаков распоред. Едноставно следете го бебето, а доколку е “поспано бебе” практикувајте некој од овие совети.