
Затнатите канали се чести кај мајките што дојат. Затнат млечен канал се чувствува како пречуствителна и болна грутка во градите. Ако имате температура или други симптоми, тогаш веројатно имате инфекција на градите, а не затнати канали.
Каналот се затнува или блокира кога млечниот канал нема да се исцеди правилно. Притисокот потоа се издигнува зад каналот, а околното ткиво станува воспалено. Каналот обично се затнува само во една града.
Што треба да направите
- Дојте на засегнатата страна на секои два часа. Ова ќе помогне да се одблокира каналот и вашето млеко слободно да се движи.
- Поставете го вашето бебе на засегнатата града.Ова ќе го фокусира неговото цицање на каналот што е засегнат.
- Масирајте ја површината, почнувајќи од болното место. Движете ги прстите кружно и масирајте кон брадавицата. Користете топла компресија на болното подрачје.
- Побарајте помош од блиските да можете да одморите, или да се релаксирате со кренати нозете за да го забрзате лекувањето. Често затнат канал е знак дека премногу се заморувате.
- Носете добро прилагоден градник кој не е премногу затегнат, бидејќи тесниот градник може да ги притиска млечните канали. Размислете да пробате со градник без подлога.
- Ако каналите постојано се затнуваат, побарајте помош од консултант за лактација.