
На вашето дете првпат може и да не му се допаќа секоја храна која му ја давате. Дајте му на вашето дете шанса повторно да пробува храна, дури и ако тоа воопшто не ја сака. Децата можеби ќе треба да пробаат некои видови храна многупати пред да ги сакаат. Еве неколку совети кои можат да ви помогнат при обидите за хранење.
Обидете се со замрзнување на мали количини на храна од различни видови. Оваа храна можете да ја користите и подоцна и така ќе избегнете фрлање на многу храна.
Почекајте една недела пред повторно да пробате со нова храна.
Обидете се да ја мешате новата храна со храната која ја сака вашето бебе, како што е мајчиното млеко.
Како што вашето дете расте, може да почне да ја одбива храната која ја сака или може да почне да покажува знаци на пребирливо јадење. Фаворизирањето само неколку јадења или да не сака храната во чинијата да се меша една со друга, се нормални однесувања. Овие однесувања честопати исчезнуваат кога вашето дете е околу 5 години.
За да дознаете повеќе за прибирливите деца и што треба да направите, видете Совети за хранење на пребирливи деца од Американската академија за педијатрија.
Совети кои можат да ви помогнат
Обидете се повторно: Почекајте неколку дена пред повторно да ја понудите храната. Тоа може да потрае повеќе од 10 пати пред истата да му се допадне на детето.
Измешајте: Измешајте ја новата храна со храна за која знаете дека вашето дете ја јаде.
Бидете смешни: Направете ја вашата храна интересна за вашето дете . Тоа може да помогне вашето дете да се возбуди и да јаде.
И јас: Од храната пробајте прво вие за да му покажете на вашето дете дека храната е многу вкусна. Потоа, дајте му на вашето дете да проба.
Избор: Дајте му на детето избор од различни видови храна за да се обиде. Нека вашето дете одлучи која храна ќе ја јаде денес.































