
На возраст од 12 месеци (но, не порано), можете на детето во исхраната да му воведете фортифицирано кравјо млеко. Пред вашето дете да има 12 месеци, кравјото млеко може да предизвика крварење во цревата. Исто така, има премногу протеини и минерали кои ги оптеретуваат бубрезите на вашето новороденче и притоа ја немаат вистинската количина на хранливи материи за потребите на новороденчињата.
Колку, колку често?
На децата им е потребна избалансирана и разновидна исхрана. Кравјото млеко збогатено со витамини може да биде дел од оваа исхрана, но не и единственото нешто. Педијатрите препорачуваат децата да пијат кравјо млеко збогатено со витамини 450-600 мл (2 до 3 чаши) дневно за да ги задоволат потребите на калциумот. Доколку вашето дете пие премногу фортифицирано кравјо млеко, ќе биде заситено и нема да биде заинтересирано за друга храна која содржи важни хранливи материи. Некои експерти велат дека конзумирањето на премногу фортифицирано кравјо млеко може да го отежни процесот телото на вашето дете да го апсорбира железото кое му потребно од храната.
Продолжете да ги следите знаците на вашето дете за да одлучите кога е гладно или нахрането. Консултирајте се со лекарот или медицинската сестра на вашето дете за повеќе информации во врска со воведувањето на фортифицирано кравјо млеко во неговата исхрана.
Полномасното кравјо млеко или нискомаслено кравјо млеко?
Децата можат да пијат полномасно кравјо млеко. Полномасното кравјо млеко е исто како и нискомасленото кравјо млеко, освен што содржи повисок број на калории. Важно е децата да имаат маснотии во исхраната кои придонесуваат за здрав раст и развој. Доколку вашето дете има прекумерна телесна тежина или фамилијарна историја на дебелина, висок холестерол или триглицериди или кардиоваскуларни болести, разговарајте со докторот или медицинската сестра на вашето дете кој вид на кравјо млеко можете да му дадете. Еве што треба да запаметите:
Одберете го она кое не е ароматизирано. Ароматизирано кравјо млеко може да содржи додаден шеќер. На вашето дете не му е потребен додатен шеќер.
Осигурајте се дека кравјото млеко кое го пие вашето дете е пастеризирано и збогатено со витамин Д.
Сурово млеко
Суровото или непастеризирано млеко и производи од млеко од крави, кози и овци можат да содржат штетни бактерии и други бактерии кои можат да предизвикаат сериозна здравствена состојба кај вашето бебе и може да биде опасно по живот. Суровото млеко, исто така, може да се нарече непастеризирано млеко. Не му давајте на вашето дете сурово или непастеризирано млеко.
Алтернативи на млеко
Алтернативите на кравјо млеко вклучуваат соја млеко, растително млеко од (орев бадем, кокос, индиски орев или други) и оризово млеко.
Доколку изберете алтернатива на кравјо млеко, ова се работите кои треба да ги запомните:
Одберете го она кое не е ароматизирано. Алтернативите за ароматизирано кравјо млеко може да имаат додадено шеќер. На вашето дете не му е потребен додатен шеќер.
Одберете го она кое е збогатено со витамин Д. Проверете ги етикетите бидејќи содржината на витамини може да варира помеѓу различни брендови.
Најпрво консултирате се со лекарот или медицинската сестра на вашето дете за алтернативната формула на млеко која ја користите затоа што содржината на витамините и минералите во овие типови на млеко е различна отколку во кравјо млеко.































