Доењето може да биде природно, но исто така е вештина за која треба пракса. Дознајте како најдобро да позиционирате и припојувате, видете различни држења и дознајте како да препознаете дали вашето бебе добива доволно мајчино млеко. Искуството покажува дека правилно советување и едукација од сертифициран и акредитиран консултант за доење може да ви помогне да ги надминете сите потешкотии кои би можеле да се појават околу доењето.

Подготовка за доење

Научете чекори кои можете да ги преземете пред и по раѓањето за да си помогнете доењето да оди глатко за вас и вашето бебе.

Подгответе се за доење пред породувањето

  • Добијте добра пренатална едукација, што може да ви помогне да го избегнете предвременото породување. Предвреме родените бебиња имаат повеќе проблеми со доењето отколку доносените бебиња.
  • Кажете му на вашиот лекар за вашите планови за доење и прашајте дали местото каде што планирате да го родите вашето бебе има персонал и техничка поддршка за доење по породувањето. Некои болници и породилни центри преземат посебни чекори за да создадат најдобри можни услови за поддршка на доењето. Овие места се нарекуваат болници – пријатели на бебињата.
  • Земете часови за доење. Трудниците кои учат за тоа како да дојат најверојатно побрзо ќе се прилагодат на доењето од оние кои не земаат такви часови. Часовите за доење им нудат можност на трудниците и нивните партнери да се подготват и да поставуваат прашања пред пристигнувањето на бебето.
  • Побарајте од вашиот лекар да ви препорача советник за доење. Можете да стапите во контакт со советник за доење пред вашето бебе да се роди, така што ќе бидете подготвени откако вашето бебе ќе се роди. Инфомирајте се на нашата веб страница како можете да стапите во контакт со сертифициран советник за доење.
  • Разговарајте со вашиот лекар за вашето здравје. Разговарајте за било која операција на дојка или повреда што можеби сте ја имале. Ако имате депресија или ако земате додатоци или лекови, разговарајте со вашиот лекар за третмани кои можат да се применуваат за време на доењето.
  • Кажете му на вашиот лекар дека би сакале да доите колку што е можно побрзо по породувањето. Инстинктот за цицање е многу силен во рамките на првиот час од животот на бебето.
  • Разговарајте со пријателите кои ги доеле своите бебиња, или размислете за приклучување кон група за поддршка на доењето. Искуството на мајките е од голема помош за новите мајки.
  • Обезбедете  ги продуктите кои можеби ви се потребни за доење, како што се градници за нега, влошки за гради и перница за доење.
Можеби ќе ви се допадне:   Мојата приказна за доењето. Приказна за љубов