Како вашето дете игра, учи, зборува, делува и прави движења индицира за развојот на вашето дете. Развојните пресвртници се работи кои повеќето деца можат да ги направат во одредена возраст.

Проверете ги пресвртниците кои ги достигнало вашето дете до крајот на 9-от месец.

Што прават повеќето бебиња на оваа возраст:

Социјално и емоционално

  • Може да се плаши од странци
  • Може да биде претерано приврзано со познати возрасни лица
  • Има омилени играчки

Јазик / комуникација

  • Разбира “не”
  • Прави многу различни звуци како “мамамама” и “бабабабаба”
  • Копира звуци и гестови на другите
  • Ги користи прстите за да покаже кон нешто

Когнитивни (учење, размислување, справување со предизвици)

  • Ги набљудува нештата кои паѓаат
  • Го бара она што ќе го сокриете
  • Игра пикабу (позната кај нас како Ѕе или Та)
  • Става работи во устата
  • Ги преместува нештата непречено од една во друга рака
  • Држи работи со големина на зрно помеѓу палецот и показалецот

Движење / физички развој

  • Стои, држејќи се
  • Може да седне
  • Седи без поддршка
  • Пробува да стане
  • Ползи

Реагирајте навреме и консултирајте се со лекарот на вашето дете доколку вашето дете:

  • Не може да стои на нозе со поддршка
  • Не седи со помош
  • Не гуга (“мама”, “баба”, “дада”)
  • Не игра игри кои вклучуваат вртење напред-назад
  • Не реагира на сопственото име
  • Не ги препознава познатите луѓе
  • Не гледа кога ќе посочите кон нешто
  • Не преместува играчки од едната рака на друга

Се препорачува децата да бидат ставени на скрининг за општ развој со употреба на стандардизирани, валидирани алатки на 9, 18 и 24 или 30 месеци, а за аутизам 18 и 24 месеци или кога родителот или старателот е загрижен. Консултирајте го докторот на вашето дете за развоен скрининг на вашето дете.

Можеби ќе ви се допадне:   Мојата приказна за доењето. Приказна за љубов