Како вашето дете игра, учи, зборува, делува и прави движења покажува важни индиции за развојот на вашето дете. Развојните пресвртници се работи кои повеќето деца можат да ги направат во одредена возраст.

Проверете ги пресвртниците кои ги достигнало вашето дете до крајот на 2-от месец. Разговарајте со лекарот на вашето дете при секоја посета за пресвртниците кои ги достигнало вашето дете и што можете да очекувате понатаму. На сите карактеристики на менталниот и физичкиот развој на вашето дете им претходи еден период на адаптација на истите. Кога самото дете ќе се соочи со развој на одредени физиолошки,ментални или физички финкции на почетокот ги доживува како нешто ново за кое незнае како да го прифати и дали ќе биде дел од неговото секојдневие. Овој период на адапрација на настанатите промени во развојот се нарекува скок во развој. После секој период на скок во развојот се јавуваат одредени карактеристики-пресвртници  во напредокот на бебето соодветни за неговата возраст.

Што прават повеќето бебиња на оваа возраст:

Социјално и емоционално

  • Почнува да им се насмевнува на луѓето
  • Може накратко само да се смири (може да ги стави раце во уста и да си го цица прстот)
  • Се обидува да ги погледне родителите

Јазик / комуникација

  • Гуга, прави звуци на гугање
  • Ја врти главата кон звуци

Когнитивни (учење, размислување, справување со предизвици)

  • Обрнува внимание на лица
  • Почнува да ги следи работите со очи и да ги препознава луѓето на растојание
  • Му станува здодевно (плаче, нервозно е) доколку активноста не се промени

Движење / физички развој

  • Може да ја држи главата и почнува да ја крева додека лежи на стомак
  • Прави полесни движења со рацете и нозете
Можеби ќе ви се допадне:   Доење и спиење заедно со бебето

Реагирајте навреме и консултирајте се со лекарот на вашето дете доколку вашето дете:

  • Не реагира на гласни звуци
  • Не ги гледа работите додека се движат
  • Не се насмевнува кон луѓето
  • Не става рацете во уста
  • Не може да ја задржи главата и не ја крева додека лежи на стомак

Се  препорачува децата да бидат ставени на скрининг за општ развој со употреба на стандардизирани, валидирани алатки на 9, 18 и 24 или 30 месеци, а за аутизам 18 и 24 месеци или кога родителот или старателот е загрижен. Консултирајте го докторот на вашето дете за развоен скрининг на вашето дете.