По неколку месеци чекање, конечно, вашето ново бебе е тука! Мајките честопати поминуваат толку време во исчекување на трудот, не размислуваат или дури не знаат што да очекуваат во првите часови по породувањето. Прочитајте, за да бидете подготвени да се поврзете со вашиот нов пакет на радост.

Како изгледаат новороденчињата

Можеби ќе бидете изненадени од тоа како вашето новороденче изгледа кога ќе се роди. Доколку сте имале вагинално породување, вашето бебе дошло на овој свет преку тесен и коскен канал. Не е невообичаено новороденчињата да бидат родени со пурпурна боја, модринки и со деформирана глава. Увото може да биде преклопено. Вашето бебе може да има многу коса или воопшто да нема. Вашето бебе, исто така, може да се роди со верникс – бела сиреста материја, која во стомакот го штити од постојаната изложеност на плодовата вода. Ова ќе се измие со првото капење.

Откако вашето бебе е во вашите раце, вашиот поглед ќе оди право на неговите очи. Повеќето новороденчиња ги отвораат очите наскоро по раѓањето. Очите прво ќе бидат кафеави или сино-сиви. Гледајќи го вашето бебе, може да забележите дека лицето е малку отечено. Може да забележите мали бели испакнатини во устата на вашето бебе или на неговиот јазик. Вашето бебе може да се роди многу збрчкано. Некои бебиња пак се раќаат со нежни влакненца (особено предвремено родените), кои вообичаено отпаѓаат по 1-2 недели. Кожата на вашето бебе може да има различни обоени обележја, дамки или осип, а ноктите се тенки како хартија, но понекогаш знаат да бидат долги. Исто така може да забележите дека градите, пенисот или вулвата на вашето бебе се малку потечени.

Можеби ќе ви се допадне:   Како да го заштитите вашето дете од сончевите зраци во топлите денови?

Изгледот на бебето во наредните неколку недели ќе се менува интезивно, како што тоа ќе расте. Доколку сте загрижени за некои видливи знаци, консултирајте се со вашиот лекар. По неколку недели, вашето новороденче се повеќе и повеќе ќе изгледа како бебето кое си го замислувавте.

Поврзување со вашето бебе

Времето поминато со вашето бебе во првите часови од животот е многу посебно. Иако можеби сте уморни, вашето новороденче може да биде доста вознемирено по раѓањето. Смирете го бебето со контактот кожа на кожа. Дозволете вашето бебе да го запознае вашиот глас и да го проучи вашето лице. Вашето бебе може да види до околу два метри оддалеченост. Можеби ќе забележите дека вашето бебе ги подава раце доколку некој запали светло или прави ненадејна бучава. Ова се нарекува сепвам или Моро рефлекс. Бебињата исто така се родени со рефлекси на фаќање и цицање. Ставете го прстот во дланка на вашето бебе и погледнете како тоа знае да го стисне. Нахранете го вашето бебе кога покажува знаци на глад. Можете да го посетите нашиот дел за совети за доење, како да започнете со првите подои.