
Инфантилните колики претставуваат грчеви кај доенчињата кои се манифестираат со интензивно плачење на новороденчето подолг временски период ,кога мајката на секој начин пробува но, не може да го смири. Овие периоди се повторуваат најмалку три пати во неделата и се карактеристични за првите три недели. Како растат бебињата симптомите на грчеви се намалуваат. Многу бебиња се вознемирени во вечерните часови, но ако плачењето не застанува и се влошува во текот на денот или ноќта, може исто така да биде предизвикано од колика. Коликите или таканаречени грчеви обично започнуваат 2-рата недела после раѓањето,но често пати може да се појават и подоцна кон крајот на првиот месец. Бебето мрда и прета со нозете, ги витка нозете и ги истегнува, ги стега рацете во тупаници, има гасови. Стомакот на бебето може да изгледа отечено(поради присуство на гасови во цревата). Плачот може да се случи во секое време, иако најчесто реакциите се во попладневните часови.
Коликите исчезнуваат на возраст од 3 или 4 месеци. Некои доенчиња може да бидат чувствителни на одредени видови храна што ги јаде нивната мајка, како кофеин, чоколадо, млечни производи, зелка,грав,грашак и сл. Грчевите можат да бидат знак за медицински проблем, како што е хернија или некоја болест.
Ако вашето новороденче покажува знаци на колика, разговарајте со вашиот лекар. Понекогаш исхраната на мајката може да помогне. Некои бебиња се смируваат кога ги држите, “носите” во марама или повиени (цврсто завиткани во ќебе). Контактот кожа на кожа исто така може да го смири новороденчето.






























