
Како вашето дете игра, учи, зборува, делува и прави движења индицира за развојот на вашето дете. Развојните пресвртници се работи кои повеќето деца можат да ги направат во одредена возраст.
Проверете ги пресвртниците кои ги достигнало вашето дете до крајот на 4-от месец.
Што прават повеќето бебиња на оваа возраст:
Социјално и емоционално
- Се смее спонтано, особено на луѓе
- Сака да си игра со луѓе и може да се случи да заплаче кога играта ќе престане
- Копира некои движења и изрази, како смеење или муртење.
Јазик / комуникација
- Почнува да гуга
- Гуга со гримаси и ги копира звуците што ги слуша
- Плаче на различни начини за да покаже глад, болка или дека е уморно.
Когнитивни (учење, размислување, справување со предизвици)
- Ќе ви даде до знаење дали е среќо или тажно
- Реагира на љубов
- Посегнува по играчка со една рака
- Употребува раце и очи заедно, како што е гледање на играчката и посегување по неа
- Следи движење на работите со очи од едната на другата страна
Побрзо препознава лица - Ги препознава познатите луѓе и работите на далечина
Движење / физички развој
- Ја држи главата стабилна, неподдржана
- Се турка надолу со нозете кога нозете се на тврда површина
- Може да може да се преврти од стомак на грб
- Може да држи играчка и да ја тресе
- Ги става рацете во уста
- Кога лежи настомакот, се турка со лактите
Реагирајте навреме и консултирајте се со лекарот на вашето дете доколку вашето дете:
- Не ги гледа работите додека се движат
- Не се насмевнува кон луѓето
- Не може да ја држи глава стабилно
- Не гуга или не прави звуци
- Неможе да ги донесе работите до уста
- Не се турка надолу со нозете кога стапалата се поставени на тврда површина
- Има проблеми со гледање на едното или двете очи во сите правци
Се препорачува децата да бидат ставени на скрининг за општ развој со употреба на стандардизирани, валидирани алатки на 9, 18 и 24 или 30 месеци, а за аутизам 18 и 24 месеци или кога родителот или старателот е загрижен. Консултирајте го докторот на вашето дете за развоен скрининг на вашето дете.































