ТЕХНОЛОГИЈА СОЗДАДЕНА ВРЗ ОСНОВА НА ФИЗИОЛОГИЈА
- Технологија базирана на физиологија на лактацијата.
- Пократко време за стимулација на рефлексот на исфрлање на млекото.
- 8 нивоа на стимулација и 16 нивоа на истиснување
- Меко масажно перниче дизајнирано за стимуирање на протокот на млекото.
- Дискретен звук и позадинско осветлување за дискретна употреба.
- 99,98% адаптација на големината на градата на мајката.
За успешен производ потребна е сеопфатна анализа. Новата пумпа на Филипс Авент за измолзување е направена врз основа на физиолошкиот процес на лактација и исфрлање на мајчиното млеко. Зошто?
Ништо не може да го замени директното хранење на бебето на града, но постои начин и напредок во технологијата кој може да ја поддржи лактацијата, зголеми и одржи продукција на мајчиното млеко во одредени моменти кога на мајките им е потребно. Мајките бараат удобност и комфорт при измолзувањето. Секоја мајка има уникатна за себе големина на брадавица и големина на града. Токму новата пумпа на Филипс Авент овозможува прилагодување на инката и адаптивното меко перниче според големината на брадавицата на мајката. Силиконската инка овозможува безболно измолзување (дури и во моменти на преполентост на градите и при болни бардавици). Измолзувањето треба да ни помогне, а не дополнително да ни ја оштети брадавката.
До сега пумпите користеа само “вшмукување” кое го имитира цицањето на бебето. Што ако мајката може да користи “вшмукување” и стимулација на брадавицата истовремено, исто како кога цица бебето и да го забрза процесот на исфрлање на млекото? Тоа е овозможено со новата технологија и пумпата на Филипс Авент каде што адаптивното меко перниче се прилагодува на големината на брадавицата исто како устата на бебето.
Секоја мајка може да се чувствува удобно при измолзувањето и со користење на една инка заради колапсното движење на пумпата и мекото адаптивно перниче.
Според клиничкото изтражување за производот (N=40) спроведено во Холандија 2019 година, споредено со резултати од претходната верзија на производот се добиени следните резултати:
- Целокупна ефективност – 97%
- Удобност при измолзување – 93%
- Моќ на вшмукување – 92%
Резултатите покажуваат пократко време за стимулација на рефлексот на исфрлање на млекото и 99,98% адаптација на големината на градата на мајката и добар проток на млекото во тек на измолзувањето од почетокот до крајот. Оваа пупма овозможува автоматско вклучување кое постепено ја зголемува брзината на измолзување за да се оптимизира протокот на млеко.
За поддршка на мајките, технологијата создала производ кој ќе го олесни, поттикне, поддржи и одржи доењето! Лесна за употреба, го скратува времето на измолзување, овозможува комфорт и спречува оштетување на барадавките.
Бидете и вие во чекор со најновата технологија на Филипс Авент!