Електрична пумпа за измолзување

  • Технологија базирана на физиологија на лактацијата
  • Пократко време за стимулација на рефлексот на исфрлање на млекото
  • 99,98% адаптација на големината на градата на мајката.

-За успешен производ потребна е сеопфатна анализа. Новата пумпа на Филипс Авент за измолзување е направена врз основа на физиолошкиот процес на лактација и исфрлање на мајчиното млеко. Зошто?

Ништо неможе да го замени дирекното хранење на бебето на града, но постои начин и напредок во технологијата кој може да ја поддржи лактацијата, зголеми и одржи продукцијата на мајчиното млеко во одредени моменти кога на мајките им е потребно. Мајките бараат удобност и комфорт при измолзувањето. Секоја мајка има уникатна за себе големина на брадавица и големина на града. Токму новата пумпа на Филипс Авент овозможува прилагодување на инката и адаптивното меко перниче според големината на брадавицата на мајката. Силиконската инка овозможува безболно измолзување (дури и во моменти на преполентост на градите и при болни бардавици). Измолзувањето треба да ни помогне, а не дополнително да ни ја оштети брадавката.

До сега пумпите користеа само “вшмукување” кое го имитира цицањето на бебето. Што ако мајката може да користи “вшмукување” и стимулација на брадавицата истовремено, исто како кога цица бебето и да го забрза процесот на исфрлање на млекото? Тоа е овозможено со новата технологија и пумпата на Филипс Авент каде што адаптивното меко перниче се прилагодува на големината на брадавицата исто како устата на бебето.

Секоја мајка може да се чувствува удобно при измолзувањето и со користење на една инка заради колапсното движење на пумпата и мекото адаптивно перниче.

Можеби ќе ви се допадне:   “БЛОК ПОДОJ”

Според клиничкото истражување за производот (N=40) спроведено во Холандија 2019 година, споредено со резултати од претходната верзија на производот се добиени следните резултати:

  • целокупна ефективност 97%
  • удобност при измолзување – 93%
  • моќ на вшмукување – 92%

Резултатите покажуваат пократко време за стимулација на рефлексот на исфрлање на млекото и 99,98% адаптација на големината на градата на мајката и добар проток на млекото во тек на измолзувањето од почетокот до крајот. Оваа пупма овозможува автоматско вклучување кое постепено ја зголемува брзината на измолзување за да се оптимизира протокот на млеко.

За поддршка на мајките, технологијата создала производ кој ќе го олесни, поттикне, поддржи и одржи доењето! Лесна за употреба, го скратува времето на измолзување, овозможува конфорт и спречува оштетување на барадавките. Бидете и вие во чекор со најновата технологија на Филипс Авент!

Повеќе информации на следниот линк.

Систем за складирање  на мајчино млеко

Овој разноврсен систем за складирање и чување кој зачувува простор ви овозможува да ја употребите истата чаша за измолзување и складирање на мајчиното млеко. Секоја чаша може да се стерилизира и употреби повеќекратно што го прави овој систем попрактичен за складирање на мајчино млеко отколку кесичките за измолзување кои се за еднократна употреба и се попрактични за складирање на измолзено мајчино млеко во фрижидер замрзнувач. Чашките за складирање на мајчино млеко овозможуваат безбеден начин за складирање на помали количини измолзено мајчиното млеко при измолзување во текот на денот.

Чашките имаат соодеветен адаптер за поставување на механизмот на пумпата за измолзување и соодветен капак за затварање при складирање.

Препорака за сите мајки на предвремено родени бебиња и сите мајки кои се измолзуваат и складираат мајчино млеко.

Можеби ќе ви се допадне:   Колку и колку често да давате храна

Покрај системот/чашките за складирање на мајчиното млеко постојат и ќесички за складирање/замрзување на мајчиното млеко. Овие ќесички се погодни за подолготрајно чување и замрзување на мачиното млеко. На секоја ќесичка може да се запише количината на мајчиното млеко која се замрзнува и датумот кога се замрзнува.