
Може да се случи да не може да доите кога ќе дојде време да го нахраните вашето бебе, но сакате да продолжите да го правите тоа. Добрата вест е дека може на вашето бебе да му ги обезбедите сите придобивки од мајчиното млеко и да продолжите да го произведувате со измолзување. Одржувањето на лактацијата е важен процес во оние моменти кога доењето неможе да се воспостави (поради одвоеност на мајката и бебето, заради преполнети гради, бебето не ја прифаќа убаво брадавицата и сл).
За таа цел е особено погодна рачната пумпа на Philips Avent која не зафаќа голем простор мобилна е и можете да ја понесете секаде со вас.
Мекото масажно силиконско перниче, дизајнирано да го имитира цицањето на бебето е наменето за нежна стимулација на протокот на млекото.
Можеби на почеток користењето на пумпата ќе ви изгледа необично и за вас ќе биде ново искуство, но потребна е пракса и упорност за да успеете.
Рачната пумпа на Philips Avent е многу едноставна за користење и вие брзо ќе се навикнете на редовно измолзување на млекото се со цел да ја одржувате продукцијата на млекото и откако ке се вратите на работното место после задржувањето на породилното отсуство. Она што во последно време консултантите за лактација се залагаат е да се одржи доењето и кога мајките се враќаат на работа.
Совети:
- Планирајте однапред
Ако се вратите на работа или знаете дека ќе бидете отсутни некое време, започнете да ја вклучувате пумпата за гради во вашата секојдневна рутина неколку недели претходно. Ова ќе ви обезбеди достапно млеко за вашето бебе и ќе се навикнете да ја користите пумпата. Консултирајте се со консултант за лактација (IBCLC) и матичниот педијатар на бебето, заедно направете еден план за оброци и како и колку пати вие треба да се одмолзувате и да го транспортирате мајчиното млеко.
- Пронајдете погодно место
Колку поудобно се чувствувате, толку полесно ќе го измолзите мајчиното млеко. Пронајдете тивко место каде што ќе се чувствувате пријатно и ако сте на работа, замолете го вашиот работодавец да ви обезбеди место каде што ќе може да го измолзите вашето млеко кога е потребно.
3. Измолзете мајчино млеко онолку често колку што би доеле
За да го одржите производството на млеко, треба да ги измолзувате градите барем онолку пати колку што би доеле. Значи, ако нормално би доеле трипати, во текот на отсуството, треба да го измолзите вашето млеко барем толку пати.